Furkan Abdula
13 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 88 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 8.197, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починале уште 3 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 385.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 4.326.
Во моментот активни се 3.486 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 973 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 78.133 тестирања за Ковид-19.