Furkan Abdula
22 Јули 2022•Ажурирај: 23 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 779 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 322.165, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 4 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.353.
Институтот за јавно здравје регистрира 477 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 308.676.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 4.136.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.613 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.105.622 тестирања.