Husamedin Gina
05 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 293 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 314.794, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период не се пријавени нови починати лица од последици предизвикани од Ковид-19.
Досега, како последица на коронавирусот во земјата починаа 9.327 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 304.341.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 1.126.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.254 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.085.639 тестирања.