Furkan Abdula
16 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 62 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 154.698, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 14 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.211.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 245 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 145.851.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 3.636.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.557 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирање.