Furkan Abdula
10 Јули 2021•Ажурирај: 11 Јули 2021
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 13 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.783, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.487.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира еден оздравен пациент од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.124.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 172.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.404 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 906.529 тестирања.