Furkan Abdula
07 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани се рекордни 317 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 19.413, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 772.
Вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.749.
Во моментот активни се 2.892 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.990 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 199.372 тестирање за Ковид-19.