Ekipa
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 627 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 79.815, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 14 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.354.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани изнесува 56.743.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 20.718.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.510 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 386.279 тестирања.