Ekipa
02 Април 2022•Ажурирај: 03 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 300 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 306.474, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавено е едно починато лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.227.
Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 295.434.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.813.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.493 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања.