Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 надмина 280.000

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани...“

Furkan Abdula  | 23.06.2021 - Обновена : 24.06.2021
Северна Македонија: Бројот на вакцинирани граѓани против Ковид-19 надмина 280.000

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека заклучно со вчера, во земјата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) се вакцинирани над 280.000 граѓани, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на министерството, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.

Се наведува дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а дека досега бројот на лица што изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“ изнесува 458.040 граѓани.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 281.847 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.263 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 5.407 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани. Со последните бројки 51 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 38 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, а се вакцинираат возрасните лица, граѓаните кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата „vakcinacija.mk“, а се вакцинираат и лица вработени во критичната инфраструктура.

„Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, се наведува во соопштението.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“ како најлесен и најбрз пат до вакцинација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.