Senita Şeherçehayiç,Zülfiya Yakup
16 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
ПРИШТИНА (АA) - Претседателот на Косово Хашим Тачи остро го осуди убиството на Оливер Ивановиќ, претседателот на Граѓанската иницијатива „Србија, Демократија, правда", јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги повикувам органите што побрзо да го расвелтат неговото убиство и сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата", наведе Тачи во соопштението.
Тој апелираше до граѓаните на сите заедници во северниот дел на земјата да соработуваат со органите на правдата со цел побрзо да се расветли ова убиство.
Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, е убиен утринава со огнено оружје во Северна Митровица, пред просториите на оваа партија.