Zülfiya Yakup
22 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
ПРИШТИНА (АА) - Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, денеска го прими претседателот на Албанија, Илир Мета, со кој разговараше за темите од интерес на двете земји, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на состанокот, косовскиот премиер истакна дека евроатлантската перспектива на Балканот е она што ги обединува сите, изразувајќи уверување дека по тоа прашање не постои двоумење кај никого, а се со цел чекорење напред.
„Имавме отворен, братски разговор за напредокот на нашиот заеднички пат“, рече Харадинај.
Во истовреме, албанскиот претседател Мета го увери Харадинај, дека Косово ќе има максимална поддршка од Албанија и изрази надеж дека Владата, но и опозицијата, ќе го продолжи ангажирањето во пронаоѓањето на решенија за сите прашања што го зајакнуваат Косово и неговата меѓународна позиција, беше соопштено од Владата на Косово.
Албанскиот претседател, чија посета не беше најавена, на Косово пристигна вчера во посета на семејството Ругова, по повод 12. годишнина од смртта на првиот претседател на Косово, Ибрахим Ругова.