Балкан

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во официјална посета на Турција

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија ќе го пречека Рама, кој ќе престојува во дводневна посета на Турција

Fatjon Cuka  | 06.01.2021 - Обновена : 06.01.2021
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во официјална посета на Турција

АНКАРА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја започна официјалната дводневна посета на Турција, а во Анкара беше пречекан од страна на турските државни претставници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Рама на социјалните мрежи објави видеоснимка од неговото пристигнување во турскиот главен град.

„Во официјална посета по покана на претседателот Ердоган, со цел да се отвори ново поглавје во соработката меѓу двете влади и за потпишување низа важни договори во рамки на нашето стратешко партнерство“, напиша Рама.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, со официјална церемонија ќе го пречека Рама, кој ќе престојува во дводневна посета на Турција.

По билатералните средби, ќе се одржи заедничка прес-конференција на Ердоган и Рама.

Според Одделот за комуникации при турското Претседателство, на средбите ќе се разговара за билатералните односи помеѓу Турција и Албанија, како и за чекорите во насока на развивање на соработката.

Исто така, за време на средбите страните ќе се осврнат на актуелните регионални и меѓународни настани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.