Besar Ademi
06 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
ПРИШТИНА (АА) - Избирачките места за предвремените парламентарни избори кои се отворија во 07:00 часот, се затворија во 19:00 часот на целата територија на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Според псоледните податоци на Центарлната изборна комисија, која започна со броење на гласовите веднаш по затворање на избирачките места, излезноста до 15:00 часот беше 29,28 отсто, односно 566.642 граѓани го искористиле своето право на глас од вкупно 1.937.868 регистрирани гласачи.
Претседателката на Центарлната изборна комисија, Валдета Дака, на последната прес-конференција истакна дека процесот на гласање низ земјата се одвивало нормално, укажувајќи на некои инциденти кои, според неа, не му наштетиле на изборниот процес.
Таа наведе дека до истиот временски период на предвремените парламентарни избори во 2017 година излезноста изнесувала 27,75 отсто.
Според последните податоци на надлежните институции, за време на изборниот процес биле пријавени неколку различни случаи, но по утврдувањето на информациите од страна на обвинителите на терен биле потврдени 16 случаи со 20 приведувања во врска со изборниот процес.
Националната координаторка за избори, Лаура Пула, истакна дека овие лица биле приведени поради извршени кривични дела како „прекршување на тајноста на гласањето“, „злоупотреба на правото на глас“, „уништување на документите за гласање“, „спречување на правото на глас“, и „спречување на процесот на гласање“.