Ekip
06 Јануари 2017•Ажурирај: 07 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Грчката православна црква во квартот Фенер во Истанбул ја започна прославата на православниот Божиќ, кој го сметаат за ден на раѓањето на Исус Христос, јавува Anadolu Agency (AA).
Прославата започна со литургијата одржана во црквата „Свети Ѓорѓи“, предводена од партијархот Вартоломеј I.
На четиричасовната церемонија беше присутен и Јоанис Аманатидис, заменик-министер за надворешни работи на Грција. По литургијата ќе следува традиционалното фрлање на крстот во водите на Босфорот, кој ќе го извадат верниците.
Поголем дел од православните цркви во светот го користат Јулијанскиот календар, кој датира од владеењето на Јулиј Цезар, 45. година пред новата ера, и не го прифатиле грегоријанскиот календар основан во 1582. Година, од страна на римскиот папа Гргур.
Разликата меѓу двата календара е 13 дена, па затоа православните верници Божиќ го слават на 7 јануари, а не на 25 декември.
Исто така, во голем број земји во регионот и пошироко денеска се прославува христијанскиот празник Бадник.
- Одбележувањето на Бадник во земјите на регионот
По тој повод пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.
На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.
Со пригодна беседа пред скопјани денеска се обрати и архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и беше поделена погача меѓу верниците.
И Српските православни верници од Косово денеска го одбележуваат Бадник, со кој започнува тридневната прослава на празникот Божиќ.
Косовоските Срби, како и другите православни верници, Бадник го започнуваат со заминувањето на домаќините во сеча на дрвја, во храстовите шуми во близина на нивните места на живеење. Претставниците на Српската православна црква утрово одржаа и литургии по повод празникот Бадник во сите цркви и манастири ширум Косово. Во сите православни цркви ќе се служи вечерна литургија, аво 17 часот почнува палењето на бадниковите гранчиња.
Иако обичаите се многубројни, генерално правило е дека Бадник и Божиќ се семејни празници поради што се слават во кругот на семејството.
Верниците си го честитаат празникот меѓусебно посакувајќи мир, среќа, здравје и благосостојба.