Ekip
11 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
СКОПЈЕ
По кусо боледување почина Горан Гаврилов (54), основач и соственик на Радио Канал77 и порталот Македонски медиа сервис, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ). Гаврилов беше вклучен и во подготовката на сите законски регулативи поврзани со медиумското работење во земјава.
Неговата работа започна како пионер во медиумски простор по осамостојувањето на Република Македонија.
Радио Канал 77 со седиште во Штип е првото македонско приватно национално радио, работи од 1991, а ја покрива целата територија на земјава. Канал 77 денеска функционира како Мултимедијален центар, во кој се радиото, интегрираната редакција, порталот ММС, телевизиско студио, конгресна сала, радио-кафе, летна сцена.