Kemal Zorlak
10 Јули 2024•Ажурирај: 11 Јули 2024
САРАЕВО (АА) - Неколку стотици мотоциклисти денес тргнаа од Сараево за Поточари, каде што на 11 јули ќе присуствуваат на комеморацијата и погребот на жртвите од геноцидот во Сребреница, јавува Анадолу.
Меѓу учесниците на 13. Мото маратон во Сребреница, кој и оваа година се одржува под слоганот „Да не се заборави и да не се повтори“, има мотоциклисти од Босна и Херцеговина, земјите од регионот и пошироко.
Мотоциклистите тргнаа од Илиџа, а потоа направија колона и во придружба на полицијата продефилираа низ Сараево.
Учесниците во мото маратонот застанаа пред Спомен-обележјето на убиените деца од опколено Сараево, каде што положија цвеќиња. Пред центарот АРИА симболично е поставен Цветот на Сребреница. Потоа го продoлжија патот кон Меморијалниот центар Поточари.
На 11 јули годинава на гробиштата на Меморијалниот центар Сребреница - Поточари ќе бидат погребани посмртните останки на уште 14 жртви на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година.