Lejla Biogradlija
18 Јануари 2023•Ажурирај: 19 Јануари 2023
САРАЕВО (АА) - Поројните дождови кои ги зафатија Босна и Херцеговина и Србија предизвикаа поплави, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Дирекцијата за цивилна заштита на Федерацијата Босна и Херцеговина, во Коњич кој се наоѓа во јужниот дел на земјата настана поплава поради поројните дождови кои го зафатија местото синоќа.
Во соопштението се нагласува дека дојде до покачување на нивото на водата на реките Неретва и Требижат.
Во соопштението се вели дека покрај Коњич, бројни куќи биле поплавени и во другите градови во јужниот дел на земјата.
Се нагласува дека исто така и во Сараево се поплавени подрумите на некои куќи како резултат на поројните дождови и дека е покачено нивото на водата на реката Миљацка која минува низ центарот на градот.
Институтот за метеорологија на Федерацијата Босна и Херцеговина предупреди дека поројните дождови ќе продолжат и денеска во јужните и југозападните делови на земјата.
Од друга страна, во Србија поројните дождови го зафатија градот Сеница кој се наоѓа во југозападниот дел на земјата, а како резултат на прелевање на реката Грабовица, поплавени се голем број куќи.
Директорот на Дирекцијата за водовод на Србија, Горан Пузовиќ, нагласи дека дождовите ќе продолжат и денеска, и информира дека е покачено нивото на водата во реките во јужниот дел на земјата.
Меѓу другото, Метеоролошкиот сојуз упати предупредување до граѓаните, нагласувајќи дека е даден црвен аларм поради силните ветрови и дождови во јужниот дел на Србија.