Furkan Naci Top
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
АТИНА (АА) - Во поплавите кои пред три дена се случија во Мандра, Неа Перамос и Мегар во близина на грчката престолнина Атина, загинаа 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на пожарникарските екипи, во последните 24 часа во дворот на една фабрика во Мандра, која беше најмногу погодена од поплавите, под наслагите од кал било извлечено тело на едно лице.
Екипите на Крајбрежната стража во близина на брегот во Елеусина дошле до тела на уште две лица. И понатаму траат акциите на потрага и спасување на лицата на подрачјето погодено од поплави.
На западниот дел на Атина траат евакуациите и чистењето на подрачјата кои пред три дена ги зафатија поплави. Стотици лица останаа без своите домови. Повредени се 23 лица, а меѓу нив едно потешко.
Поплавите уништија околу 300 автомобили и 20 камиони. Освен тоа, уништени се и речиси 300 стамбени и деловни објекти. Премиерот на Грција, Алексис Ципрас прогласи еднодневна жалост.