Sibel Vezaj
23 Ноември 2018•Ажурирај: 24 Ноември 2018
ПРИШТИНА (AA) - Косовската полиција утрово спроведе акција во Северна Митровица во врска со убиството на српскиот лидер на „Слобода, демократија и правда“ (СДП), Оливер Ивановиќ, при што беа уапсени четири лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за информации на Косовската полиција за АА потврди дека во северниот дел на Митровица, по наредба на надлежниот суд, беа спроведени неколку рации поврзани со продолжување на истрагите за случајот на убиството на Оливер Ивановиќ.
„Полициските единици спроведоа рации на четири локации и уапсија четири лица, тројца поврзани со истрагата за случајот и едно лице што им се спротивстави на полициските службеници. Во консултација со надлежниот обвинител, истрагата продолжува според понатамошната законска процедура“, соопштија од Косовската полиција.
Ивановиќ беше убиен на 16 јануари оваа година пред седиштето на СДП во Косовска Митровица. Во февруари беа уапсени двајца полициски службеници поврзани со истрагата.
- Владата на Косово: Денешната операција не е поврзана со ниту едно политичко случување
Владата на Косово реагираше во врска со полициската операција извршени денес во Северна Митровица, истакнувајќи дека оваа полициска акција на ниту еден начин не е поврзана со ниту едно политичко случување.
Во соопштението на Кабинетот на косовскиот премиер се вели дека полциската акција во северниот дел на Косово која што е поврзана со приведувањето на неколку осомничени за убиството на политичарот Ивановиќ, е реализирана со наредба на Специјалното обвинителство на Република Косово.
„Ова полициско дејство беше во целосна согласост со законот, врз основа на наредбата на Спеицјалното обвинителство, и на ниту еден начин не е поврзано со ниту едно политичко слчување. Владата на Косово ги уверува сите раѓани дека косовската држава и нејзините органи на редот, на ниту еден начин и никогаш нема да се насочат против ниту една етничка или политичка група“, се наведува во ова соопштение.
„Во оваа прилика, Владата на Косово ги повикува сите граѓани, политички субјекти, градоначалниците, особено оние во општините во северен дел, и другите органи, да придонесат во одржување и зајакнување на јавниот мир во име на мирот и стабилноста. Важно е никој да не биде жртва на различни дезинформации. Зачувување на редот и почитување на законот е во интерес на сите граѓани на Косово“, се додава во владиното соопштение.