Vesna Besic
26 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
НЕУМ (АА) - Пељешки мост, еден од најголемите и најскапите проекти во модерна Хрватска, денеска официјално ќе биде пуштен за сообраќај, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мостот помеѓу местото Комарна и местото Бријест на полуостровот Пељешац, долг 2.404 метри, ќе го спои крајниот југ на Хрватска со остатокот од земјата.
Пељешкиот мост е недалеку од Неум, единствениот босанскохерцеговачки град на јадранскиот брег, кој, како што се проценува откако ќе биде пуштен во употреба, ќе го заобиколуваат голем број автомобили кои патуваат од правецот Сплит кон југот на Далмација, Дубровник и околината.

Камерите на Агенција Анадолија забележаа кадри од Пељешкиот мост од Неум, изготвени во вечерните часови и преку ден.
Церемонијата на отворањето на Пељешкиот мост ќе биде одржана вечер на одморалиштето во местото Комарна. На неа ќе присуствува државниот врв на Хрватска. Потоа се планира спектакуларен огномет, по што мостот ќе биде преминат од автомобилите од хрватско производство-Римичева Невера и автомобилот кој го гради некогашниот трикратен европски првак на брдски трки, Нико Пулиќ. Мостот за сообраќај ќе биде отворен од полноќ.
Изградбата на Пељешки мост со достапните улици според податоците на Владата на Хрватска, чинеше 525 милиони евра, од која 357 милиони евра неповратни средства од фондовите на Европската Унија. Мостот го проектираше Словенецот Марјан Пипенбахер.

Висечкиот мост, чија изградба и беше доверена на компанијата „China Road and Bridge Corporation“ во 2018 година, има шест главни столбови и тринаесет распони од челик со должина од 72 до 285 метри. Висината на мостот е 55 метри, со што, како што наведуваат хрватските власти, ги исполнил барањата на соседната Босна и Херцеговина за обезбедување непречен премин на бродови низ Малостонскиот канал до Неум. Длабочината на морето под мостот изнесува речиси 27 метри.
На крајот на јуни, под Пељешкиот мост кон неумската водена површина на територијата на Босна и Херцеговина заплови првиот крузер. Станува збор за крузерот „Bolette“ висок 51 метар, со околу 1.000 патници.