Furkan Naci Top
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
АТИНА (АА) - Сириските бегалци сместени во камповите во Атина, главниот град на Грција, оргзнизираа протестен марш до амбасадата на Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 100 бегалци се собраа на плоштадот Синтагма, во центарот на Атина, и бараа семејствата да бидат што побрзо споени.
Бегалците одеа до амбасадата на Германија и ги повикаа германските власти да им помогнат.
Тие ги извикуваа слоганите „Не на додатното чекање”, и носеа транспренти на кои пишуваше „ Го сакам своето семејство!”.
Повеќе од 60.000 бегалци останаа во Грција откако пред повеќе од една година се затворија граничните премини кон Европа.
Иако постојат програми за спојување на семејствата и преместување на бегалците во другите земји, процесот трае многу долго, поради што бегалците се незадоволни.