Abdula Berisha
29 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, го прими на средба претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој престојува во дводневна официјална посета на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Штајнмајер на официјална церемонија беше пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. Исто така, предвидена е и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.

Во рамки на посетата, предвидено е германскиот претседател Штајнмајер да се обрати и во Собранието на Северна Македонија, како и средба на германскиот претседател со премиерот Димитар Ковачевски попладне во Владата.
Исто така, Штајнмајер ќе посети и германски компании што работат во Северна Македонија.

Ова е прва посета на федералниот претседател Штајнмаер на Северна Македонија.
По Северна Македонија, Штајнмаер заминува во посета на соседна Албанија.