Zülfiya Yakup
07 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ПРИШТИНА (AA) – Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово врз основа на 82.57 отсто преброени гласови од гласањето на предвремените парламентарни избори тесно води Движењето Самоопределување (Vetvendosje). Демократскиот сојуз е веднаш зад Самоопределување со еден отсто гласови помалку, пренесува Anadolu Agency (AA).
Податоџите на ЦИК кои се објавуваат од минута воминута на сајтот на оваа институција, покажуваат дека по 82.57 отсто од преброените гласови Движењето Самоопределување (Vetvendosje) има освоено 26.02 отсто од гласовите. Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) има 25 отсто, додека на трето место е Демократската партија на Косово (ПДК) со 21,10 отсто освоени гласови.
Приврзаниците на Самоопределување почнаа да се собираат на централниот Плоштад Скендербег во Приштина за да ја прослават победата. Движењето Самоопределување никогаш до сега не било на власт во Косово.
Преѕходно обраќање до јавноста имаше лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весели, кој го призна поразот на предвремените парламентарни избори. Тој рече дека ја прифаќа одлуката на граѓаните на Косово.
„Демократската партија на Косово ќе премине во опозиција, но ќе продолжиме да му служиме на народот и на државата", рече Весели.
Излезноста на овие избори изнесува 44.18 отсто, од 1.937 869 граѓани со право на глас.
На изборите се натпреваруваа 25 политички субјекти, од кои 4 се коалиции, 20 политички партии и еден независен кандидат.
На изборите се оди поради оставката на премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, кој поднесе неотповиклива оставка, откако доби покана за разговор како осомничен од страна на Специјалниот суд за Косово.
Овие парламентарни избори се седми по ред по војната во Косово во 1999 година.