Балкан

Од Ковид-19 почина познатиот југословенски голман Драган Пантелиќ

Пантелиќ почина во Универзитетскиот клинички центар во Ниш (Србија), каде што здравствената состојба вчера му се влошила и бил приклучен на респиратор

Bakir Tiro  | 20.10.2021 - Обновена : 21.10.2021
Од Ковид-19 почина познатиот југословенски голман Драган Пантелиќ

НИШ (АА) - Драган Пантелиќ, еден од најдобрите фудбалски голмани на просторите на поранешна СФР Југославија, почина денеска во 69. година од својот живот, од последици предизвикани од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пантелиќ почина во Универзитетскиот клинички центар во Ниш (Србија), каде што здравствената состојба вчера му се влошила и бил приклучен на респиратор.

Во брилијантната кариера, освен за нишкиот Работнички, бранеше и за Лешница, Графичар, Бордо и Тимок.

Голот на репрезентацијата на СФР Југославија го чуваше во 19 меча, од 1979 до 1984 година, а исто така бранеше и на Светското првенство во Шпанија 1982 година. За националниот тим на некогашната заедничка држава има постигнато и два гола од единаесетерецот.

Во кариерата од пенал беше стрелец на 29 погодоци.

Беше и претставник на ФК Работнички од Ниш, како и пратеник во Собранието на Србија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.