Agim Sulaj
16 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа двајца пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 652, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 104 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 16.606.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 889 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 78.161 тестирање.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 14.561 лицe. Моментално има 1.393 активни случаи.