Балкан, Коронавирус

Од Ковид-19 во Косово починаа 3 лица, откриени 47 нови случаи

Вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 15.472

Agim Sulaj  | 27.09.2020 - Обновена : 28.09.2020
Од Ковид-19 во Косово починаа 3 лица, откриени 47 нови случаи

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово починаа тројца пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 622, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 47 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 15.472.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 525 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 65.979 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 13.278 лица. Моментално има 1.572 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın