Fatjon Cuka
15 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
ТИРАНА (АА) – Началниците на Генералштабовите на земјите членки на НАТО ја посетија Албанија во рамките на состанокот на Воениот Комитет на НАТО, кој се одржува во Тирана во период од 15 до 17 септември, јавува Anadolu Agency (AA)
Официјалната церемонија на прием на Началниците на ГШ на земјите-членки на НАТО се одржа во Бригадната палата во Тирана, каде учествуваа највисоките претставници на Вооружените сили на Албанија и на Министерството за одбрана на Албанија.
Турција на овој состанок е претставувана од страна на Началник на ГШ на Турција, Хулуси Акар, кој беше присутен во цеемонијата организирана во главниот град на Албанија.
Состанокот утре ќе се организира под гостопримство на Начлникот на ГШ на Албанија, бригаден-генерал Бардил Колчаку.
Претставниците на армиите на земјите-членки на НАТО ќе дискутираат околу безбедносната состојба во регионот на Западен Балкан и ќе дадат препораки за продолжувањето на мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан и КФОР во Косово.
Исто така, ќе се разговара и за ангажираноста на Алијансата во борбата против тероризмот. За време на состанокот ќе биде избран идниот претседател на Воениот комитет на НАТО, кој ќе доаѓа на оваа функција во летото во 2018 година.
Од друга страна, денеска претседателот на Албанија, Илир Мета и министерката за одбрана, Олта Џачка остварија посебни средби со претседателот на Воениот комитет на НАТО, Петр Павелl, при што претседателот на Албанија, утрешниот состанок го опиша како историски настан за Албанија, и една многу значајна активност за Алијансата.
Утре во церемонијата на отварањето на состанокот на Воениот комитет на НАТО, ќе се обрати и премиерот на Албанија, Еди Рама, а во текот на денот ќе продолжат сесиите затворени за медиуми.