Agim Sulaj,Dzihat Aliju
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
ПРИШТИНА (АА)
- Агим СУЛАЈ
Оваа година трансформаторите во Косово се претворени во „сликарски уметнички дела“, со цел да се привлече вниманието врз улогата на жената во општеството, пишува Агенција Анадолија (АА).
Трансформаторите во главниот град Приштина и во градовите Призрен, Пеќ, Ѓаковица, Митровица, Гилан и Феризај се обоени за посебна намена.
Обоените трансформатори се претворени во уметнички дела кои ја пренесуваат пораката „посилни заедно“.

Проектот „Уметност врз трансформатори“ во 2021 година го започнаа Центарот за развој на уметноста (Q'art) и турските компании кои дејствуваат во Косово, „Чалик холдинг“ и „Лимак“, во чија сопственост е косовската Компанија за дистрибуција на електрична енергија (КЕДС).
Досега, во рамки на проектот, со учество на домашни и странски уметници, 27 трансформатори низ земјата се насликани со цртежи со кои се испраќаат пораки на различни теми.
Оваа година, цртежите насликани на седум трансформатори укажуваат на улогата на жената во општеството.
Маргарита Рашити од Канцеларијата за информирање на КЕДС, за Агенција Анадолија (AA) изјави дека активностите со цел испраќање пораки за зајакнување на жените започнала во текот на март, бидејќи овој месец е познат како „месец на жената“.

Посочувајќи дека секој од трансформаторите во поголемите градови на Косово носи порака за зајакнување на улогата на жената во општеството, Рашити рече: „Секој трансформатор, во чиј фокус се пораките за зајакнување на местото на жената во општеството, има посебен концепт, во зависност од уметникот кој го насликал.“
Трансформаторот во областа Топане во главниот град Приштина, насликан од уметникот Ренеа Беголи, е со порака „да донесе добар живот и енергија“.
Фокусот на работата на швајцарската уметница Кристел Суир е врз родовата еднаквост.