Zylfije Adem Jakupi
27 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово тестирани се 1.012 лица, при што новиот тип коронавирус е детектиран кај 215. Од последиците на заразеност со Ковид-19 починаа 4 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово информираше дека во последните 24 часа во Косово животот го загубиле 4 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи во земјата на 1.309.
Во истиот период детектирани се 1.012 новозаразени, вкупно 50.620 од почетокот на пандемијата во Косово.
Досега во Косово за Ковид-19 се тестирани 179.402 лица.
Во последното деноноќие оздравеа 428 лица, вкупно 39.562 од почетокот на пандемијата. Во моментов во земјата има 9.749 активни случаи на заразеност со Ковид-19.