политика, Балкан

Мицотакис: Туркије и Грција треба да работат заедно за подобра иднина

- „Мора да живееме во мир, да бараме решенија за нашите разлики“, рече Киријакос Мицотакис за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Атина.

Ahmet Gençtürk  | 07.12.2023 - Обновена : 08.12.2023
Мицотакис: Туркије и Грција треба да работат заедно за подобра иднина Фото: Мустафа Камаџи

АТИНА (АА) - Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека Туркије и Грција треба да работат заедно за подобра иднина, јавува Анадолу.

„Мора да живееме во мир, да бараме решенија за нашите разлики“, рече Киријакос Мицотакис за време на заедничката прес-конференција со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Атина.

Истакнувајќи дека односите меѓу двете земји доживеале подеми и падови во текот на историјата, вклучително и во блиското минато, Мицотакис го насочи вниманието на позитивниот поттик од пролетта, потсетувајќи дека тоа е негова трета средба со Ердоган во последните шест месеци.

Тој ја пофали соработката меѓу двете земји во справувањето со нерегуларната миграција и рече дека планира да ја посети Анкара напролет следната година.

Грчкиот премиер, исто така, откри шема што ќе им овозможи на турските граѓани лесно да добијат визи за да ги посетат грчките острови во источното Егејско Море.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın