Uğur Aslanhan
11 Декември 2022•Ажурирај: 13 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Меѓународниот балкански универзитет, кој веќе 16 години ја продолжува својата образовна дејност во Скопје, Северна Македонија, секоја година го зголемува академскиот успех на меѓународната сцена, со реализираните договори и создадените кадри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународниот балкански универзитет е основан во 2006 година, под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, од група интелектуалци во објектот на телеграфската канцеларија изградена за време на владеењето на султанот Абдулхамит Хан во Скопје.
Меѓународниот балкански универзитет, кој стана мултикултурна и образовна институција со свои студенти и стручен кадар од повеќе земји, освен од Северна Македонија и Туркије, и од Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, го зазеде своето место меѓу водечките универзитети во регионот.
Универзитетот, кој пружа образование 100 проценти на англиски јазик, нуди образование во Европа со својот меѓународен стручен кадар, целосно опремен и нов кампус и со склучените над 200 меѓународни договори. Зголемувајќи го секоја година своето рангирање на Шангајската листа, која го покажува академското рангирање на универзитетите во светот, Меѓународниот балкански универзитет продолжува да биде „Најдобриот универзитет во Македонија“, титула што ја доби во 2017 година.
Меѓународниот балкански универзитет, од своето основање, има за цел да подигне професионални индивидуи кои се општествено одговорни и културно богати, и кои реализираат висококвалитетни научни истражувања што ќе придонесат за технолошкиот и економскиот развој на регионот. Усвојувајќи иновативни и модерни пристапи во образованието засновани на универзални вредности, со можности за стипендирање до 100 проценти, со над 40 програми на 9 факултети и училиште за англиски јазик, Универзитетот е најпрефериран приватен универзитет во Северна Македонија во 2021 година и 2022 година.
Универзитетот продолжува да го подобрува својот успех секоја година, со својот академски кадар предводен од ректорот Мехмет Дурсун Ердем.
- „Усвојуваме иновативни и модерни пристапи во образованието“ -
Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Мехмет Дурсун Ердем, рече дека Универзитетот има усвоено иновативни и модерни пристапи засновани на универзалните вредности на образованието во 21 век, со 9 факултети и мастер студии, над 40 додипломски, постдипломски, докторски програми и училиште за англиски јазик.
Истакнувајќи дека работат макотрпно за постигнување современ, квалификуван и висококвалитетен образовен пристап со академскиот кадар што го сочинуваат истакнати и искусни професори од Балканот, Северна Македонија и Туркије, ректорот Ердем нагласи:
„Покрај тоа што сме акредитирана високообразовна установа во Туркије и Северна Македонија, ние сме првиот и единствен универзитет во Северна Македонија кој е признат и акредитиран од Советот за високо образование (YÖK) и вклучен во програмата на Центарот за избор и сместување на студенти (ÖSYM). Нашите студенти кои дипломираат на нашиот универзитет, со конкурентното и меѓународно образование што го добиваат имаат кариери со високи стандарди во водечки институции, фондации, високообразовни установи во Туркије.
Како универзитет, објавуваме 14 научни списанија со цел да обучиме квалификуван кадар, да ја зголемиме интелектуалната акумулација во регионот и да придонесеме кон светската академска заедница. Не е случајно што успехот на нашите студенти, особено во Туркије, а и во другите земји во кои одат, се должи на нашите напори за обезбедување квалитетен и современ концепт на образованието.“