Gorana Jakovljevic
03 Мај 2023•Ажурирај: 04 Мај 2023
БЕЛГРАД (АА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Србија соопшти дека во пукотницата што утринава се случила во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, биле убиени осум деца и еден чувар, јавува Анадолу.
Во соопштението на МВР на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека се ранети шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар и Универзитетската детска клиника во Тиршова.
Истакнато е дека во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К. (роден во 2009 година), кој се сомничи дека го сторил кривичното дело.
Полициските сили сè уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности што довеле до оваа трагедија“, соопшти МВР на Србија.