Besar Ademi
23 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој престојува во официјална посета на Македонија во рамките на континуираниот дијалог за подобрување на односите меѓу двете земји, нема да се сретне со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, јавува Anadolu Agency (AA).
Од кабинетот на претседателот Иванов истакнаа дека Коѕиjас кој сега веќе ги започна средбите со државните претставници на земјата, не побарал средба и со претседателот Иванов.
„До Кабинетот на претседателот на Република Македонија не е доставено барање за средба на министерот за надворешни работи на Грција со претседателот Иванов. Затоа и не е планирано претседателот Иванов да се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас“, нагласија за Anadolu Agency (AA) од Кабинетот на претседателот Иванов.
Утрово, Коѕиас беше пречекан од страна на неговиот македонски колега, Никола Димитров, кои по тет-а-тет средбата ќе се обратат на прес-конференција.
Потоа, шефот на грчката дипломатија ќе биде пречекан од страна на премиерот на Македонија, Зоран Заев, претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафер и македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
Шефовите на дипломатијата на двете соседни земји, Коциас и Димитров, се очекува да разговараат околу ставовите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договорот за решавање на спорот со името.
Инаку, грчкиот министер Коѕијаас вчера со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како еден од чекорите на македонската Влада во процесот на преговорите за името.
Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.