Zylfije Adem Jakupi
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека последните 24 часа во Косово починале 8 пациенти од последици на заразеност со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тестирани се 1.621 примерок сомнителен на коронавирус, од кои 334 биле позитивни.
Во последните 24 часа оздравеа уште 81 лице, со што вкупниот број на оздравени се зголеми на 15.722.
Во моментов 4.562 лица се водат како активни случаи инфицирани со коронавирус.
Од почетокот на пандемијата досега тестирани се 98.769 лица, од кои 20.989 случаи биле позитивни на Ковид-19, а 705 лица заразени со коронавирусот ги загубија животите.