Zülfiya Yakup
15 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
ПРИШТИНА (AA) – Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај, побара одложување на гласањето за членство на Косово во ИНТЕРПОЛ за наредната година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Владата на Косово, Харадинај, во согласност со овластувањата вршител на должноста премиер, со оглед на околностите и на препораката на Министерството за надворешни работи, побара одложување на гласањето за членство на Косово во ИНТЕРПОЛ за наредната година.
На Генералното собрание на ИНТЕРПОЛ, кое денеска започна во Чиле и кое ќе трае до 18 октомври, требаше да се гласа за приклучување на Косово на оваа меѓународна полициска организација.
Од 2015 година, на Косово трипати му е одбивана кандидатурата, а функционерите во Приштина неуспехот го припишаа на кампањата на Србија против кандидатурата на Косово.
По минатогодишниот неуспех да се зачлени во ИНТЕРПОЛ, Владата на Косово воведе такси од 100 отсто на увозот на стока од Србија и Босна и Херцеговина.