Балкан, Коронавирус

Косово: Од Ковид-19 починаа 4 лица, регистрирани 227 новозаразени

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 91.427 лица. Во моментов во земјата има 10.486 активни случаи

Agim Sulaj  | 25.04.2021 - Обновена : 26.04.2021
Косово: Од Ковид-19 починаа 4 лица, регистрирани 227 новозаразени

ПРИШТИНА 

Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 4 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.129, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 227 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 104.042.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 3.010 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 520.744 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 91.427 лица. Во моментов во земјата има 10.486 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.