Балкан

Косово: Од Ковид-19 починаа 11 лица, регистрирани 364 новозаразени

Од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се над 500.000 тестирања

Agim Sulaj  | 18.04.2021 - Обновена : 18.04.2021
Косово: Од Ковид-19 починаа 11 лица, регистрирани 364 новозаразени

ПРИШТИНА

Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 11 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.072, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 364 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 101.517.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 3.501 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 500.112 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 87.012 лица. Во моментов во земјата има 12.433 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.