Agim Sulaj
27 Мај 2021•Ажурирај: 28 Мај 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа почина еден пациент, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.242, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 23 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 107.336.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 2.460 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 602.319 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 102.107 лица. Во моментов во земјата има 2.987 активни случаи.