Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на случаи со Ковид-19 се зголеми на 1.194

Уште 8 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата се зголеми на 884

Agim Sulaj  | 06.06.2020 - Обновена : 07.06.2020
Косово: Бројот на случаи со Ковид-19 се зголеми на 1.194

ПРИШТИНА

Во Косово се откриени уште 36 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 1.194, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Денес не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 30.

Уште 8 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата се зголеми на 884.

Меѓу другото, денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 201 тестирање за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 16.378.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın