Балкан, Коронавирус

Косово: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 70.000

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 60.333 лица. Во моментов во земјата има 8.236 активни случаи

Agim Sulaj  | 02.03.2021 - Обновена : 02.03.2021
Косово: Бројот на откриени случаи на Ковид-19 надмина 70.000

ПРИШТИНА

Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 8 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.616, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 488 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 70.185.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 2.886 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 313.132 тестирањa.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 60.333 лица. Во моментов во земјата има 8.236 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.