Agim Sulaj
14 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
ПРИШТИНА (АА) - Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Косово се искачи на три лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, на прес-конференција истакна дека подготвеноста на косовските институции овозможила со најмали последици да ја надминат оваа ситуација.
Витиа информираше дека бројот на заразени лица со Ковид-19 во неговата земја се искачил на три лица, по двата случаја дијагностицирани вчера.
„За жал, сакам да ве информирам и за уште еден нов случај на коронавирус“, рече тој, додавајќи дека се работи за блиска личност на еден од претходно заразените во земјата.
Според него, овој случај укажува на точното следење на случаите во земјата, како и на работата на Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Витиа побара од граѓаните да ги почитуваат сите одлуки на властите во земјата и на меѓународно ниво за спречување на ширењето на овој вирус.
Се вели дека во Косово биле извршени 140 тестирања, од кои само три биле позитивни на Ковид-19.
Инаку, Владата на Косово одлучи да ги затвори сите копнени граници и авионските линии по откривањето на првите случаи на коронавирус.
Исто така, во Косово е запрен меѓуградскиот транспорт, како и меѓународниот организиран транспорт.