Балкан

Конечните резултати од изборите во Косово одржани на 14. февруари се очекуваат следната недела

- Елези во изјава за медиумите во Центарот за пребројување и резултати во Косово Поле нагласи дека ЦИК напорно работи на што поскоро заклучување на активностите што се одвиваат во овој центар за да можат да се објават конечните резултати од изборите

Zylfije Adem Jakupi  | 26.02.2021 - Обновена : 27.02.2021
Конечните резултати од изборите во Косово одржани на 14. февруари се очекуваат следната недела Фото: Еркин Кечи / Агенција Анадолија

ПРИШТИНА

Во почетокот на следната недела се очекува објавување на конечните резултати од предвремените парламентарни избори во Косово одржани на 14. февруари, изјави портпаролот на Централната изборна комисија (ЦИК) Валмир Елези, известува Агенција Анадолија (АА).

Елези во изјава за медиумите во Центарот за пребројување и резултати во Косово Поле нагласи дека ЦИК напорно работи на што поскоро заклучување на активностите што се одвиваат во овој центар за да можат да се објават конечните резултати од изборите.

Тој нагласи дека во Центарот во моментов се одвива пребројување на гласовите од 552 гласачки места за што претходно одлучил ЦИК. Досега се обработени 377 избирачки места или 70% од материјалот. Исто така се врши и проценка на наводни пакети на гласачки ливчиња кои пристигнале надвор од Косово.

„Две активности се во тек во Центрот за пребројување и резултати, пребројување на гласови и оценка на пакетите за кои се претпоставува дека се гласови што пристигнале во Косово од странство. Можеме да кажеме дека овие активности се при крај и очекуваме да завршат во сабота. Тоа ќе ни овозможи да започнеме со броењето на условните гласови и гласовите пристигнати по пошта. Потоа и по сите останати процедури во Центарот, ЦИК може да ги прогласи конечните резултати од изборите одржани на 14. февруари. Веруваме дека тоа може да се случи во почетокот на следната недела“, рече Елези.

Портпаролот на ЦИК додаде дека од 43.500 пристигнати пакети по пошта, досега се отворени 41.236 наводни пакети со гласачки ливчиња, од кои се одбиени 18.876 коверти. Причини за нивно неодобрување се различни. Како прво, ковертите биле испраќани од лица кои не се регистрирани како гласачи надвор од Косово, некои лица гласачките ливчиња ги праќале по двапати, имало и случаи на испраќање ливчиња од страна на неидентификувани гласачи, а во коверт својот глас го испраќале и гласачи кои приложиле невалидни лични документи.

На изборите на 14. февруари право на глас имаа 1.794.862 граѓани, а гласаа повеќе од 800.000 гласачи или околу 47%.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın