Bojana Stojanovic
20 Април 2021•Ажурирај: 21 Април 2021
БЕЛГРАД
Во последното деноноќие 32 лица ги загубија животите од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19), а детектирани се 2.965 новозаразени, известува Агенција Анадолија (АА).
Во болниците низ Србија во моментов се сместени 6.512 пациенти, од кои 219 се на респиратор.
Во последните 24 часа извршено е тестирање на 15.562 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 2.965 се позитивни.
Во истиот период животот го загубија 32 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега се зголеми на 6.058. Процентот на смртност изнесува 0,91%.
Досега во Србија се регистрирани 667.937 случаи на зараза со коронавирус.
Вкупната бројка на спроведени тестирања на примероци сомнителни на Ковид-19 изнесува 3.711.555.