Балкан, Коронавирус

Ковид-19 во Хрватска: Регистрирани 343 новозаразени, починаа 13 лица

- Штабот за Цивилна заштита на Република Хрватска соопшти дека во земјата има 2.201 активен случај на заразеност со коронавирусот

Stipe Majic  | 23.02.2021 - Обновена : 25.02.2021
Ковид-19 во Хрватска: Регистрирани 343 новозаразени, починаа 13 лица

ЗАГРЕБ

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 343 нови случаи на зараза со коронавирусот (Ковид-19), а од последиците на заразеност со овој вирус животот го загубија 13 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Штабот на Цивилната заштита на Република Хрватска соопшти дека во земјата има 2.201 активен случај на заразеност со коронавирусот. Меѓу нив 786 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 67 пациенти. Од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубија 13 лица.

„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, до денес регистрирани се 240.360 лица заразени со новиот тип коронавирус, од кои починаа 5.462 лица. Досега оздравеа 232.697 лица, од кои 240 во последните 24 часа“, се наведува во соопштението на Штабот за Цивилна заштита.

Во самоизолација во моментов се наоѓаат 11.384 лица. Досега во Хрватска се тестирани 1.313.573 лица, од кои 6.879 во последните 24 часа.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın