Senita Sehercehajic,Bedrudin Brljavac
02 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
САРАЕВО (АА) - Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска донесе одлука за потврдување на резултатите од општите избори во Босна и Херцеговина одржани на 2 октомври 2022 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Одлуката за потврдување на резултатите од општите избори во БиХ беше донесена едногласно на итна седница на Централната изборна комисија на БиХ, откако беше констатирано дека Апелациското одделение на Судот на БиХ ги отфрлило сите жалби на политичките субјекти во врска со изборните резултати.
Резултатите од општите избори се потврдени за избор на членови на Претседателството на БиХ, Парламентарното собрание на БиХ, Парламентот на Федерацијата БиХ, за претседател и потпретседател на Република Српска, Народното собрание на Република Српска и за собранијата на сите десет кантони во Федерацијата БиХ.
По донесувањето на одлуката за потврдување на изборните резултати, претседателот на ЦИК на БиХ, Суад Арнаутовиќ, рече дека почнуваат да течат роковите за конституирање на сите органи на власта во Босна и Херцеговина.