Seyyid Emin
16 Април 2020•Ажурирано: 17 Април 2020
СКОПЈЕ
Програмата на турски јазик при Македонската радио телевизија (МРТ) е префрлена на каналот МРТ 4, а времетраењето на емитувањето на турски јазик е зголемено на 11 часа на ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Главниот уредник на Програмата на турски јазик при МРТ, Еран Хасип, во изјава за АА истакна дека Програмата на турски јазик ќе биде е емитувана на каналот МРТ 4, сметајќи го како важен чекор зголемувањето на времетраењето емитувањето на програмата на турски јазик.
Тој рече дека емитувањето на турски јазик до вчера се реализирало на Вториот телевизиски канал на МРТ, со времетрање од 2.5 часа дневно.
Според него, овој чекор планирале да го направат минатата година, но поради различни причини тоа го направиле по една година.
„Не сакавме да вршиме уште едно одложување поради новиот вид коронавирус (Ковид-19). Како што претходно се договоривме со управата на телевизијата, емитувањето на турски јазик веќе ќе се реализира во каналот МРТ 4“, истакна Хасип.
Исто така, тој информира дека моментално имаат емитување на турски јазик со времетраење од 11 часа, и додаде: „Ќе имаме емитување на турски јазик од 10:0 до 15:30, а потоа во вечерните часови, од 19:30 до 01:00 часот“.
Ерен нагласи дека ќе се емитуваат и програми на јазиците на другите помалкубројни етнички заедници во земјата.
„На некој начин можеме да кажеме дека основавме турска телевизија“, истакна главниот предник на Програмата на турски јазик при МРТ.
Хасип истакна дека Турција има витално значење за нив во оваа насока.
„Една од нашите цели како телевизија е уште повеќе да се унапредуваат односите со Турција. Всушност досега имавме добри односи, но сега официјално имаме канал. Сметам дека веќе можеме да оствариме поплодна соработка со државните инситутции на Турција, и каналите како ТРТ. Ќе се создаде заедничка средина за соработка во наредниот период како реализирање заеднички емитувања, сериски филмови, и документарците во Турција да се емитуваат тука, како и емитување на нашите програми во Турција“.
Според него, во рамки на МРТ се отворени 3 нови канали, од кои еден е МРТ 4 кој претежно ќе емитува на турски јазик, еден канал за деца и еден канал за спорт.
Хасип рече дека младите лица ќе ги вклучуваат во овој процес, а ќе вработат и нови лица, притоа истакнувајќи дека Програмата на турски јазик при МРТ е најстариот канал.
„Тоа што турскиот јазик зазема важно место во телевизијата како државна установа, е многу важен настан за Турците. Затоа, очекуваме поддршка од секого. Се надеваме дека во наредниот периот ќе реализираме добри проекти“, истакна Хасип, додавајќи дека во наредниот период постои можност уште повеќе да се зголеми времетраењето на емитувањето на турски јазик.