Балкан

Заев: „Србија ќе ни помогне со итна испорака на 8.000 вакцини „Фајзер“

„Во директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 вакцини против КОВИД-19. Тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денов", истакна премиерот Заев.

Admir Fazlagic  | 18.01.2021 - Обновена : 19.01.2021
Заев: „Србија ќе ни помогне со итна испорака на 8.000 вакцини „Фајзер“

СКОПЈЕ

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев соопшти дека најмалку 8.000 вакцини од производителот „Фајзер“ Република Србија ги понудила за македонските граѓани, а се преговара и за други вакцини, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Во директна комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, се договоривме да добиеме од нивната набавка 8.000 вакцини против КОВИД-19. Тие прифатија да ни помогнат, а деталите ќе ги утврдиме во текот на денов. Стана збор и за другите вакцини за кои имаат договори, но за кои што треба да ги проверат клаузулите дали тоа можат да го направат. Многу сум благодарен и сакам од името на целиот македонски народ до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, до Владата и српскиот народ, да ја пренесам таа благодарност", истакна премиерот Заев.

„Станува збор за сериозен чин на пријателство, кој покажува дека Србија сака солидарно да сподели со јужниот сосед дел од вакцините кои ги има“, информираше премиерот Заев, кој додаде дека претседателот Вучиќ изразил волја вакцините да бидат донација, но ние имаме средства, додаде Заев и ќе ги платиме вакцините по набавна цена.

Тој истакна дека во текот на денот тој ќе разговара со својата колешка Ана Брнабиќ во врска со постапката, а ќе се остварат и разговори на министрите за здравство на Република Северна Македонија и Република Србија околу деталите на испораката.

Премиерот Заев информираше и дека како што е од претходно познато, продолжуваат активностите за договорот со „Фајзер“ за 800.000 вакцини, кои ќе покријат дози за 400.000 граѓани и продолжуваат преговори и со други земји за обезбедување вакцини, додека не стигнат првите 5.850 дози на вакцини во февруари.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.