Admir Fazlagic
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
СКОПЈЕ (АА) – Вечерва во Скопје се одржаа протести пред Собранието на Република Македонија, на кои граѓаните го изразија своето незадоволство поради Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес во грчкиот дел на Преспанското езеро, јавува Anadolu Agency (AA).
Организирани преку социјалните мрежи, пред Собранието се собраа стотици демонстранти кои полицијата со солзавец ги растера, откако група насилни демонстрантии почнаа да фрлаат кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и тврди предмети. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.
Поради ескалација на настаните дојде полициско засилување и ги растера демонстрантите.
Претходно тие протестираа и извикуваа различни пароли, меѓу кои „Македонија, Македонија" и „Едно име имаме" ...
Потсетуваме, министрите за надворешни работи на надворешни работи на Република Македонија и Република Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псардес го потпишааа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Исто така, на церемонијата присуствуваа високи претставници на Европската унија и Обединетите нации.