Furkan Naci Top
24 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АТИНА (AA) - Во Грција, 54 деца-бегалци без придружба се задржани во полициски станици под неповолни услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР), 54 деца-бегалци кои се без придружба се чуваат во „заштитен притвор“.
Во Грција, од крајот на 2017 година има околу 3 000 илјади деца без придружба. За овие 2 290 деца, постои потреба од соодветно засолниште.
Нагласувајќи дека капацитетот на соодветните центри за сместување на деца кои бараат азил е 1 100, УНХЦР изјави дека 438 деца што бараат азил се наоѓаат во логорите за азил на грчките острови.
Педесет и четири деца-бегалци без придружба се држат во „заштитен притвор“.
- Повик од „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) -
„Децата бегалци кои не се со родители или роднини се затворени во полициските ќелии и центрите за притвор во Грција“, се вели во соопштението на „Хјуман рајтс воч“.
Во соопштението се потсетува дека министерот за имиграциска политика, Јоанис Музалас, вети дека сите деца кои бараат азил ќе бидат упатени во безбедни приватни центри до крајот на 2017 година и се истакнува дека овие деца сè уште се наоѓаат во „заштитен притвор“ или во центрите за притвор на мигранти.
„Хјуман рајтс воч“ предупредува дека децата кои се чуваат во нехигиенска средина може да бидат подложени на малтретирање од страна на полицијата.
Во соопштението се наведува дека кај децата се предизвикани психички нарушувања, а немаат пристап до психолошка помош, медицински третман или правна помош.