Gökhan Yıldız
05 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Арчелик, во обид да го привлече виманието на заедницата за родова еднаквост, оваа година го реализираше проектот „Еднаков речник“, за кој е награден со две меѓународни награди, јавува Anadolu Agency (AA).
Арчелик соопшти дека во рамките на активностите за родова еднаквост во заедницата, сакале да ја надминат шовинистичката реторика, поради што на Денот на жената го реализирале проектот „Еднаков речник“, кој пред да ја наполни својата прва година, освои две меѓународни награди.
Меѓународното здружение за односи со јавноста (IPRA) во категоријата „Корпоративна одговорност“ на проектот „Еднаков речник“ му ја додели наградата Златен глобус, а оваа апликација доби награда и од страна на „The Stevie Awards“, меѓународни бизнис-награди, во категоријата „Најдобра програма во Европа за корпоративна одговорност“.
Апликацијата за тастатура „Еднаков речник“, која може да се користи на компјутери и на мобилни уреди, предупредува доколку се употребуваат шовинистички изрази и препорачува користење алтернативни изрази.
Дури и ако се покаже јазик или ако се придвижи рака, „еднаквиот речник“ изнаоѓа решение и „израмнува“.
Во соопштението објавено од страна на Арчелик, место ѝ е отстапено и на Зејнеп Озбил, директорка за корпоративни комуникации во оваа компанија.
Таа го изрази своето задоволство што како компанија ги освоиле најпрестижните награди во светот, и додаде: „Веруваме дека за обезбедување еднаквост во социјалната комуникација, потребно е да го спречиме шовинизмот во јазичното изразување. Во таа насока во живот го спроведовме проектот „Еднаков речник“, кој не само што создава свест, туку и нуди решенија, користејќи технологија. Во рамките на активностите на проектот, преку дигитални канали допревме до 20 милиони лица. Промотивниот спот е виден од страна на 6,5 милиони лица. Нашата мобилна апликација во Турција се користи од страна на 20.000 лица. Изразите во базата на податоци на „Еднаков речник“, врз основа на добиените препораки од страна на корисниците, досега се зголемени за 20 отсто. Се гордееме со успехот што проектот го постигна за така кус период и ни дава надеж на нашиот пат за обезбедување родова еднаквост во заедницата.“